Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека не биле одговорни за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 10 декември

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите  ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. Во судницата беше нагласено дека дел од обвинетите постапувале согласно закон, други имале ограничени задачи, а трети уште пред отворањето на дискотеката реагирале со барања за неиздавање дозвола.

Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Судењето продолжува на 10 декември со воведен збор на одбраната на останатите обвинети.

Во воведниот збор денека, одбраната на поранешниот градоначалник Ратко Димитровски денеска истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, тој не само што немал намера или умисла, туку бил единствениот кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со работа.

Реклама

Одбраната на поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласи дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите посочија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, и дека неправедна осуда би претставувала „втора трагедија“.

Додека, одбраната на обвинетите градежни инспектори во случајот „Пулс“ во воведните говори од денешното судење нагласија дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица.

Одбраната на обвинетите од обезбедувањето оцени дека обвинението е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата посочија институционални пропусти и недостиг на надзор.

Преостанува уште воведниот збор од својата одбрана да ја дадат поранешните директори на ДЗС, меѓу кои Шабан Салиу, Аднан Џаферовски, Беким Максути и Џевад Селами, како и генералниот инспектор во ДЗС – Љупчо Грнчиштанов.

Потоа поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, како и претставници од Министерството за економија меѓу кои Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи и Размена Чекиќ Дуровиќ.

Воведен збор треба да дадат и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев.

Преостанува и воведниот збор на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето.

На минатото рочиште воведни говори даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот, како и одбраната на обвинетата Милка Едровска, проектант во Венци Проект. Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението. 

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.