Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Поранешни професори од Факулетот за исламски науки: Криминал и корупција владее во ИВЗ

Криминал, корупција и непотизам – Исламската верска заедница е парализирана од акуелниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминал, корупција и непотизам – Исламската верска заедница е парализирана од акуелниот поглавар Шаќир Фетаху кој со неколкумина ги има узурпирано и персонализирано сите функции во заедницата – обвинува група верници и поранешни професори на Факултетот за исламски науки. Тие бараат итни реформи во ИВЗ. Не се револтирани само од, како што велат, криминалот во Исламската верска заедница и личните одлуки на реисотот, туку, според нив под итно треба да се регулира правно-економскиот статус на оџите, и на воспитно-образовниот кадар. Не се задоволни и од преиспитувањето на процесот на денационализација на имотите на ИВЗ.

Во оваа насока, со именувањето на Шаќир Фетаху, реис на ИВЗ, кој заедно со другите требаше да го врати достоинството на ИВЗ.  да ги организира и направи уставните измени, како и да го организира изборот на Реис ул Улема на ИВЗ, на легитимен и транспарентен начин.

ИВЗ наместо да ја земе соодветната форма на своето работење, се случи спротивното, бидејќи Шаќир Фетаху продолжи да ја узурпира верската институција, губејќи го соодветниот авторитет од џемаатот, оџите и другите службеници на ИВЗ, вели проф. Д-р Бејадин Амети.

Реклама

Членовите на инцијативата велат дека имаат огромна поддршка од верските службеници коишто исто така се незадоволни од, како што тврдат, лошото управување и нетранспарентното функционирање и работа на органите на ИВЗ.

Актуелниот поглавар на ИВЗ Шахир Фетаху веќе четири години седи на челното столче. Тој беше избран по шест месеци од разрешувањето на реисот Сулејман Реџепи, кого за време на неговиот мандат го следеа повеќе контроверзии и скандалозни настапи. На 27 мај 2020 година, Ријасетот на Исламската верска заедница на вонреден состанок со двотретинско мнозинство го разреши Реџепи и за в.д. поглавар го назначи Фетаху.