Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Поранешен помошник-министер без тендер договорил сервис на службени возила на МВР

Екс-помошник министер и раководителка од секторот за набавки во МВР, во 2018…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екс-помошник министер и раководителка од секторот за набавки во МВР, во 2018 и 2019-та година договорале тендери во четири очи. Финансиската полиција им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба затоа што наместо да спроведат редовна постапка за избор на фирми за поправка и сервисирање на возила на МВР, преку распишување тендер, донеле одлука набавката да се изврши преку итна постапка, без објавување оглас. Покани испратиле само до одредени компании, кои во просек си наплатиле по околу 150 илјади евра. Станува збор за шест фирми односно јавни набавки со вкупна вредност од речиси 800 илјади евра.

  • „Врз основа на што првопријавениот Ж. Т. склучил рамковна спогодба по итна постапка со преговарање без објавување оглас, на кој начин првопријавениот заедно со второпријавената овозможиле противправна имотна корист за носителите на набавката “, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.                             

Поранешниот функционер во МВР свесно и со однапред утврдена намера не донел одлука за јавна набавка од отворена постапка за сервисирање на возилата на МВР, иако тоа требало тоа да го стори во декември 2018 година, како што било предвидено со дополнувањето на годишниот план на МВР за таа година, велат од Финансиска.

  • „(Тогашниот помошник-министер) не презел дејствија за навремено отпочнување и објавување редовна постапка и ја загрозил безбедноста на вработените во Министерството за внатрешни работи со што ги довел возилата во состојба на дефектажа и неможност да се сервисираат…“, се вели во соопштението на Управата финансиска полиција.

Тогашната началничка на Секторот за набавки, менаџмент и логистика на МВР, Финансиска ја товари зашто не задолжила лице за објавување оглас за јавна набавка и со тоа не им дала шанса на други заинтересирани фирми да учествуваат во постапката.