Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Поради здравствени причини одложено судењето за штипскиот угостител, кој е обвинет за убиство на неговата мајка

Во штипскиот Основен суд денеска повторно е одложено судењето на познатиот штипски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипскиот Основен суд денеска повторно е одложено судењето на познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, кој е обвинет дека на 8 август во семејниот дом ја убил својата мајка. Судечкиот судија, Сашко Георгиев рече дека причина за одлогањето е здраствената состојба на обвинетиот.

-Во 10:20 часот од Затвор Куманово, каде издржува мерка притвор обвинетиот Стојанче Зарков, се јавија и го известија Судот дека се пожалил на здравствени проблеми, денес пред тргнување за Штип, заради судењето и оттаму откако бил прегледан од  затворскиот лекар, констатирал дека треба да биде пренесен во болница, каде треба да му биде извршен дополнителен преглед во однос на неговата здравствена состојба, рече Георгиев.

Ова е второ одложување на постапката. Минатата недела, судењето беше  пролонгирано по барање на обвинетиот, кој побара дополнително време за да го протолкува извештајот од ДНК анализите и  вештачењето на ножот, кој беше приложен како доказен материјал од страна на обвинителката Тања Кацарова. Новото судско рочиште е закажано на 30 декември во 9.30 часот во Основниот суд во Штип.