Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствена младинска политичка сила во Македонија која го слуша гласот на младите

Во денешната емисија „Дејли Клик“ на Телевизија 21 гостуваше претседателот на Унија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во денешната емисија „Дејли Клик“ на Телевизија 21 гостуваше претседателот на Унија на млади сили и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека младите гледаат во УМС како партнер кој ги остварува интересите и се стреми кон остварување на потребите на студентите, односно на сите млади со тоа што се слуша нивниот став и се реализираат проекти во интерес на младите луѓе.

„За УМС можам да кажам дека ние сме еден голем  политички подмладок ,имаме навистина многу членови многу активисти, многу обемна и комплексна структура. Така да, навистина можам, нескромно, да кажам да навистина луѓето не препознаваат кога се движиме на самиот терен. Најмногу не препознаваат младите луѓе и би рекол дека младите луѓе најмногу гледаат партнер во нас, бидејќи сметам дека сме политички подмладок со најголема сила, со најдобро организирана структура, којашто може сите оние барања и потреби на младите луѓе да ги канализираме, како што впрочем и се случи“, посочи Попов.

Во оваа емисија тој нагласи дека поддршката од младите луѓе е добиена со самата понуда која што била понудена од страна на ВМРО ДПМНЕ и дека сите оние потреби од младински интерес одат во нагорна насока, а сето тоа се гледа од досегашното владеење со што се креираат младински политики со наизменично комуницирање со предлози и идеи со младите членови.

Реклама

„Ние поддршката од младите луѓе за изборите ја баравме преку понудата која што ја дававме кон тие млади луѓе и еве сега преку двајцата пратеници кои УМС ги има во рамки Собранието на Република Македонија, како ниедна друга политичка партија, како ниеден друг политички подмладок во државата имаме прилика да видиме и како дел од тие работи во првите неколку месеци во владеењето  на ВМРО ДПМНЕ веќе се реализираат“, изјави Попов.

Тој, исто така, ги повикува сите млади да се приклучат во рамките на УМС, сметајќи дека тука се реализираат сите суштествени потреби на младите во општеството, како и за студентите со реконструирање на студентски домови и подобри услови за живот, посочувајќи дека единствено во Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ се слуша гласот на младите.

„Оваа прилика сакам да ја искористам да ги повикам сите млади да и се приклучат на УМС на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, би рекол дека, е единствената младинска политичка сила во Македонија којашто реално на терен и низ пракса ги менува работите во нашето општество. Ние сме седум месеци на власт, студентските домови веќе за некој месец ќе ги отвориме. Така да, слушање на гласот на младите е дали за младите се реализираат проекти, а не колку млади имаме директори или колку млади имаме на функција“, рече Попов.