Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Помош за Општата болница во Кочани и за повредените во пожарот од Американската здравствено-едукативна организација MEI

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска ги прими во посета претставниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска ги прими во посета претставниците на Американската здравствено-едукативна организација – MEI, кои престојуваат во Кочани со цел да понудат поддршка за повредените во трагедијата во „Пулс“, велат од локалната самоуправа.

На средбата со градоначалникот биле отворени прашања поврзани со актуелната состојба на повредените младинци, со нивните потреби по пожарот и со можностите за натамошна помош. По разговорот во Општината, делегацијата ја посетила и Општата болница во Кочани за да ја согледа моменталната состојба, а се сретнала и со неколку од повредените лица и поблиску се запознала со нивната здравствена состојба.

Според првичните најави, договорено е поддршката што ќе ја обезбеди организацијата да опфати структурно обновување, технички помагала и неопходна опрема, како и дополнителна стручна поддршка за здравствена грижа на повредените.

Реклама

Градоначалникот Владко Грозданов истакнал дека ова е помош што ја ветил претходно, и дека ваквите форми на соработка се од големо значење за заедницата.

– Загубите и траумите што ги доживеа нашата заедница не може да се надоместат, но секоја помош за младите што беа повредени е драгоцена. Благодарни сме за иницијативата и подготвеноста на асоцијацијата MEI да се вклучи со конкретна поддршка. Општина Кочани ќе продолжи активно да се грижи за повредените и за нивните семејства и ќе работиме заедно за тие да ја добијат неопходната помош, цитиран е градоначалникот Грозданов во информацијата за медиумите.