Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Половината ваучери за инвертер-клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер-клима уреди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер-клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика, при што над половина од вкупно доделените 4.070 ваучери веќе се подигнати – соопшти Министерството за енергетика.

Според податоците од меѓуопштинските центри за социјална работа, до 25 мартевидентирани се 2.084 подигнати ваучери.

Министерството потсетува дека списокот на граѓани што остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страницата на Министерството.

Реклама

– Граѓаните што се наоѓаат на списокот може да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината во која живеат до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и за постапката – соопштуваат од таму.

По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори за набавка и вградување инвертер-клима уред.

Станува збор за финална фаза од постапката по јавниот оглас за 2025 година во рамките на програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинствата што ги исполнија предвидените услови.

Со ваучерот граѓаните добиваат можност за набавка и вградување инвертер-клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година.