Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Политички конфузна, мрачна и турбулентна 2023 година

Бугарите во Устав станаа темен облак над реалните проблеми во Македонија. Годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарите во Устав станаа темен облак над реалните проблеми во Македонија. Годинава власта како да имаше само една цел, а заборави на се друго, па Европа ни испрати порака дека сме катастрофални со правосудството, корупцијата, владеењето на правото, темелните вредности на Европската Унија. Сепак, на Илинденска како да се глуви на овие пораки, во прв ред премиерот Димитар Ковачевски. Ако сме ги изгласале уставните измени ќе сме имале лесен пат евроинтеграциите. Дури беше и самоуверен дека ќе имало 118 пратеници кои ќе гласале за.

  • Седницата за уставните измени ќе продолжи тогаш кога ќе биде створени услови за тоа, односно кога ќе се знае дека најголемото мнозинство на пратеници во Собранието веќе има разбрано дека треба да се донесе. (Значи да заклучиме ако до крајот на собраниски мандат не се обезбедат 80 пратеници нема да продолжи расправата?) До крајот на овој собраниски скоро година дена. (Значи и да нема 80 ќе продолжи некогаш таа седница) Јас велат дека 118 ќе има на крај, изјави Ковачевски.

Спротивно на пораките од сите кредибилни фактори, власта остана сигурна на ставот дека само Бугарите во Устав имаме непречен пат кон Европската Унија. Дури сами си ја прогласија минатава година за многу успешна на дипломатски план, иако Македонија доби најлош извештај од Европската Комисија последниве години.

  • Имавме една многу успешна година, со успешен скрининг, верификуван од сите, од Европската комисија, од државите членки и од сите, имавме држава во која што направивме вистински институционален и државен подвиг, рече БОЈАН МАРИЧИЌ- вицепремиер за европски прашања.

Сепак, розовиот свет на власта го рушат оние со кои Македонија треба да преговара за членство во Европската Унија. Еден од примерите е холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп.

Реклама
  • Се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Со едноставни зборови нема вистинска политичка волја за промена. И која е пораката до нас, пораката е ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности рече ДИРК ЈАН КОП- амбасадор на Холандија во Македонија.

Од Бугарија пак ни стигнуваат пораки дека уставните измени не се нивниот последен услов кон државава. А последна ни ги кажа шефицата на бугарската дипломатија и идна премиерка Марија Габриел.

  • Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули 2022 година, јасно да се спротивставиме на обидите за лажни информации и дезинформации дека Бугарија има нови услови, а во меѓувреме јасно да опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет, Марија Габриел, министерка за надворешни на Бугарија.

Функционерите од власта си мислат на својот буџет, на пример на првиот вицепремиер имал службен автомобил, па не му требал негов, бидејќи ќе му паднела цената.

  • Нема логика за политичар, министер кој што се служи со службено возило да инвестира во приватно возило во четири години, губи во вредност. Ќе си купите возило од 10.000 евра да речеме и после четири години тоа кошта 3.000 евра. Која е логиката, економската логика, затоа што вие имате службено возило кое што го користете малтене 24 часа, изјави Груби.

Државата доби и директор кој не знае што работи.

  • Метрологијата е наука за мерењето, метрологијата нема врска со временска прогноза, во која што и јас очигледно да ви кажам до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, рече АБДУЛ СЕЛАМ СЕЛАМИ- директор на Биро за Метрологија.

Премиерот пак го покажа своето познавање на странските јазици.

  • Вие вино само на домачини давате…? праша Ковачевски.

Првиот вицепремиер пак најде начин како да ни покаже дека не терале партиски членови да доаѓаат на митинг на ДУИ.

  • Ви прави некој притисок за да дојдете…. Дојди ти…. Тебе ти прави некој притисок да дојдеш тука?… Мислам апсурдно е ова стварно, рече Груби.

Колку и да е тешка состојбата во државата, тоа не беше причина премиерот малку да не запее.