Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Полицијата ги уапси Соколот и Ѕверот

Отклучувале ќелии, ослободувале затвореници, а сега Соколот и Ѕверот можат да завршат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отклучувале ќелии, ослободувале затвореници, а сега Соколот и Ѕверот можат да завршат во нив.. Ексдиректорот Филип Андов познат под прекарот Сокол и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, се главните осомничени за незаконските случувања во Истражниот затвор Скопје. Според засега непотврдени информации, двајцата се уапсени и се наоѓаат во полициска станица, а МВР тресе повеќе локации и собира докази. Според првичните информации станува збор за организирана криминална група, составена од сегашни и поранешни затворски службеници, која делувала подолго време додека Андов беше директор на Шутка. Наводно, ослободувале затвореци кои се шетале слободно и кога сакале се враќале во затворот. Неофицијално се товарат за злоупотреба на службената положба, овозможување бегство и незаконско ослободување на затвореници.

  • „Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје“ изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Според засега непотврдени информации, во тек е истрагата која треба да утврди дали и други лица биле инволвирани во оваа криминална мрежа, како и дали парите биле главниот мотив за нивните постапки. Истрагата, треба и да покаже како 100-тици телефони завршуваа кај затворениците, кои во изминатиот период беа запленети во повеќе акции на полицијата во ќелиите.

  • „Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.

Инаку, Сокол беше именуван за директор на Истражниот затвор Скопје во 2020 година, а претходно му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.

Реклама

За злоупотреби од поранешната структура, информираше директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, кој рече дека затворот во Шутка бил „хотел промаја“. Уште во јули сите докази кои ги собрале од тогашниот вонреден инспекциски надзор ги доставиле до полицијата и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тогаш Андов демантираше и најави тужба за клевета.