Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Полицијата во координација со американското ФБИ уапси двајца администратори на нелегален онлајн пазар

По информации и дојава од американското ФБИ, македонската полиција спроведе акција за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По информации и дојава од американското ФБИ, македонската полиција спроведе акција за апсење на двајца онлајн измамници во тетовска Мала Речица.

Станува збор за разбивање на дел од нелегален онлајн пазар вреден најмалку половина милион долари, при што биле злоупотребувани и лични податоци. Во координираната акција со ФБИ приведени се двајца 20 и 23-годишни млади лица, за кои постојат основани сомненија дека биле администратори на онлајн пазарот. Тие биле затекнати на лице место при вршење кривично дело, за време на претресот.

При тоа се одземени десктоп компјутери, лаптоп компјутери и телефони, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа и ќе послужат како доказ во кривичната постапка. Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет-домени, содржејќи детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и продавачи. Евидентирани биле над 2.600 кориснички сметки и повеќе од 1.500 сметки на продавачи, а вкупната продажна вредност на артиклите надминува 500.000 американски долари.