Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Полицајци фатени на дело како примаат поткуп

Тројца полицајци сред центар на Скопје во близина на полициска станица Беко,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца полицајци сред центар на Скопје во близина на полициска станица Беко,  фатени се како земаат мито за да не напишат сообраќаен прекршок. Како што се гледа на видеото објавено од МВР, за да не го казнат несовесниот шофер, полицајците од станицата Беко го пратиле тој да им купи кеса полна со производи од локалната продавничка која се наоѓа во ист ред со станицата на улица Даме Груев. Одделот на МВР за внатрешна контрола им поднесе кривична пријава за до Обвинителството за примање поткуп.

Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при вршење службени задачи побарале и примиле подарок за себе за да не извршат службено дејствие, односно да не констатираат сообраќаен прекршок и на тој начин го нарушиле угледот на Министерството за внатрешни работи, велат од МВР

Освен кривична, тројцата ќе се соочат и дисциплинска постапка, а додека трае постапката тие ќе бидат суспендирани од работа. Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола против нив ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред, а ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Реклама

Засега МВР за настанот информира со иницијали на осомничените бидејќи како што велат ништо не смее да влијае врз истрагата, но потврдуваат дека се од полициска Беко.