Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Покачувањето на откупната цена на тутунот ја враќа надежта кај тутунарите за иднината на тутунопроизводството

Откако премиерот Мицкоски најави дека македонските тутунари годинава ќе добијат историски највисока…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако премиерот Мицкоски најави дека македонските тутунари годинава ќе добијат историски највисока откупна цена за тутунот, која заедно со субвенциите ќе достигне дури до 500 денари по килограм тутун, тутунарите не го кријат своето задоволство. Ова е одлична вест за нас, особено сега пред престојните празници кога секој денар ни е добредојден, велат од Сојузот на тутунски здруженија. Освен тоа, покачувањето на откупната цена, полека, но сигурно ни ја враќа и надежта дека со години колабираното тутунопроизводство во земјава, сепак може да има иднина, коментираат оттаму. Сите 10 откупни компании, веќе од утре, тутунот ќе го откупуваат по новата, повисока цена, односно по 400 денари за килограм тутун за првата класа.

„После макотрпните преговори со Владата, со министерот за земјоделие и Сојузот, успеавме да постигнеме максимално висока цена – 400 денари за прва класа…Сите компании си зедоа за обврска – предадениот тутун до новата цена дека ќе се доплати, и мислам дека ќе има динамика за исплаќање на преземените количини со старата цена“ – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Според последните податоци од терен, на ниво на држава досега се откупени над 8 милиони килограми тутун или околу 40 проценти од годинашниот род кој тежи околу 17 милиони килограми што пак, досега никогаш не било случај толкави количини да се откупат во раниот откуп на тутунот, односно за само еден месец. Редовниот откуп на тутунот, согласно Законот, стартува денеска и ќе трае до крајот на февруари.

Реклама

  И додека полека се прибира родот од годинашната реколта, од СТЗ посочуваат дека веќе ги прават сите потребни подготовки за наредната производна сезона, со цел, како што велат, навремено да се договорат количините, но и откупните цени, поточно  уште со самото склучување на договорите.

„Ние како Сојуз, после Нова година веднаш почнуваме со преговори со сите откупувачи, со Министерството, со министерот Цветан Трипуновски, за формирање на новите цени и договарање на новите договори за наредната реколта“ – истакна Ристески.

Инаку, како што веќе информираше и премиерот, освен повисоката откупна цена, тутунарите ќе добијат и по 100 денари субвенција за секое предадено кило тутун, со што, крајната вкупна цена ќе достигне до 500 денари. Охрабрувачки е и тоа што целиот тутун се откупува во прва класа, а тоа значи дека се плаќа по 400 ден. за секој килограм.

Каролина Дурло