Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Покачување на плати ќе има според колективните договори, но тоа им било малку, па затоа се решиле на штрајк

Втор ден како дел од административците од пет министерства излегоа да протестираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор ден како дел од административците од пет министерства излегоа да протестираат за повисоки плати. Од пред Министерството за култура ги повторија барањата за покачување за 30% и потпишување нови колективни договори.

На прашањето зошто штрајкот започна без претходни преговори со Владата, од УПОЗ се правдаа дека имале заеднички дијалог со сите ресорни министри и дека ја добиле нивната поддршка, но признаваат и дека за ова немало предвидено пари во буџетот.

Претседателот Деаноски објасни дека со Владата се воделе разговори, а нивните барања биле спомнати и на две седници на економско социјалниот совет. Добиле одговор дека предвидени се средства согласност со законот и сегашните колективни договори.

Реклама

„Имавме два состанока на економско социјалниот совет, најискрено зборевеме за платите но на секое наше барање за дознаеме дали ќе има покачување и колку ќе биде ни беше одговарано дека се предвидени средства како што пишува законот и општиот колективен договор. Точно не ни беше кажано кога ни како ќе биде ни во која висина ќе биде покачувањето“, рече Трпе Деаноски, претседателот на УПОЗ.

Вчера дополнително реагираа неколку синдикалните организации за кои беше соопштено дека се дел од штрајкот, а всушност не биле. Па така на пример се огласија од синдикалната организација на Министерството за европски прашања и гранковиот синдикат на УПОЗ, кои уште пред стартот на протестот одржале состанок на кој едногласно донеле одлука да не учествуваат на протестите.

Експертите веќе предупредија дека штрајкот е директна форма на притисок врз институциите, за решенија надвор од правните рамки. Од Владата порачаа дека тие се партнер за разговори за сите проблеми, но се изненадени што синдикатот го скокнал дијалогот и излезе на улица.

Дополнително јавноста критикува дека синдикалните лидери кои примаат плати над 1000 евра со дополнителни привилегии, се однесуваат како монарси што го намалува кредибилитетот на нивните барања.

Протестите ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии.

Љубиша Владимиров