Има напредок во борбата со корупцијата, но од земја сојузник во НАТО очекуваме поголема соработка меѓу надлежните институции, а прекршителите на законот да одговараат, ова е пораката од Американската Амбасада упатена денеска. Од јавното обвинителство пак се пофалија дека направиле реорганизација во своите редови за да има ефективни постапки против корумпираните. Од Антикорупциската комисија пак сметаат дека соработката со Обвинителството и ревизорите е главен предуслов за успех во справувањето со корупцијата.