Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Поголема контрола од родителите и наставниците за побезбеден интернет кај децата

Новото дигитално време и едуцираноста уште од најмала возраст, ги прави учениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новото дигитално време и едуцираноста уште од најмала возраст, ги прави учениците многу подложни на корисните, но и на штетните влијанија од интернетот. Редовната и поголема контрола од страна на родителите и наставниците, но и правилната употреба на алатките за заштита на најмладите, се од круцијално значење за паметно и безбедно користење на интернет-технологиите, смета ресорниот министер Стефан Андоновски, кој тврди дека уште од лани сите училишта добиле напатствија за како и тие да ги заштитат најмладите.

  „Сметавме дека ова е начин да ги превенираме опасностите од интернет, а контролата да ја задржат родителите, да не ја презема државата, контролата на алатки кои што се исклучително приватни, значи ги користат родители, ги користат деца и би било мешање на државата во домашните работи на секое семејство. Опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува определени алатки за определена група на луѓе“, – вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

  За побезбедно справување со овие нови предизвици, Македонија е и дел од Проектот „МКSafeNet“ кој го импелементира Министерството за дигитална трансформација, како дел од мрежата „Insafe“ при Центарот за побезбеден интернет на Европската комисија во Брисел. Во овој проект вклучени се, главно основни училишта од повеќе општини, помеѓу кои е и ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ од Прилеп.

Реклама

  „Да, особено како град, треба да посветиме внимание и на родителите, и на родителската контрола врз мрежите. И јас се согласувам дека интервенцијата во било која алатка, значи мешање во слободата на избор, но тоа нема да биде мешање во слободата на избор, ако ние како родители постапуваме со особена грижа и внимание кон алатките кои што ги користат нашите деца“, – кажа Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

  „Се трудиме преку едукативни работилници и предавања да укажемена нашите ученици – користењето на интернетот да биде безбедно, меѓутоа сами ние тоа секако не можеме да го направиме, потребни ни се и родителите“, – посочи Снежана Коцевска – Шубеска, директор на ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Прилеп.

  Во чест на 10 февруари – Денот на побезбеден интернет, во ова училште беше поставена изложба од ученички цртежи на тема „Користиме безбеден интернет“, како и едукативно-забавна програма за учениците, каде присуствуваше и министерот Андоновски.