Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Економија

Поевтинуваат горивата

– Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени во просек за 2,13 отсто.

Новата максимална малопроджна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 94 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 денари за килограм и ќе биде 46,288 денари.

Реклама

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек  за 1,806 отсто, кај дизелот за 9,605, кај екстра лесното масло за 8,205 и кај мазутот за 6,515 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот  по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,1582 отсто.

Нагласуваат дека во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10 отсто (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 и од 2 денари за литар за бензинските фракции и посочуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Во најголем дел од бенинските пумпи во земјава дизелот се продава за три денари пониско од максималната цена утврденаод РКЕ, а бензините за два денара.