Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Економија

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден дена по литар, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден дена по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените во просек за 1,18 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 72, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) не се менува и останува 64,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,028 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,607 денари.

Реклама

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување  кај бензините во просек за 2,899 отсто, кај дизелот за 0,779 и кај екстра лесното масло за 5,006 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,964 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0166 отсто.