Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на државната награда „23 октомври“

Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот, а душата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот, а душата на нацијата е и јазикот. Ова е пораката која ја упати поетот и добитник на годинашната награда 23 октомври, Славе Ѓорѓо Димоски.

Наградата по повод Денот на Македонската револуционерна борба, Димоски ја доби за остварувања во областа на културата, образованието, уметноста, како и заштита и промоција на државните интереси и вредности на културното и историско наследство на Македонија.

„Најзначаен елемент на култураната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото се еден од иднентитетските столбови на сите нас. Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот, а душата на нацијата е и јазикот“, рече поетот Славе Димовски поет и добитник на наградата 23 октомври.

Реклама

По повод големиот државен празник, Денот на македонската револуционерна борба денеска повеќе владини и државни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската Револуционерна борба.

Пред споменикот се поклонија собраниската делегација предводена од пратеникот и потпретседател на Собранието Антонио Милошоски, а почит оддадоа и членови од патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Александар Пандов и делегација на Унијата на ветерани. Од СДСМ пристигна делегација предводена од градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Љубиша Владимиров