Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на месецот спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјата. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена привремена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата.

Од АХВ посочуваат дека еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на храната, а четири од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен задравствен преглед за вработените лица.

– За утврдените недоследности, кои се однесувале и на нередовно водење записи за добра хигиенска и добра производствена пракса, недоставување на увид сертификати за спроведени обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки, доцнење со спроведување задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други помали недоследности, издадени се и три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени – истакнуваат од АХВ.

Реклама

За сторени прекршоци од поголем обем, изречени се глоби во вредност од 1.550 евра во денарска противвредност за четири оператори, а само од еден контролиран оператор нештетно се уништени шест килограми небезбедна храна.

Од АХВ посочуваат дека состојбата е значително подобрена во однос на претходните контроли спроведени во ноември 2024 година.

– При спроведените вонредни инспекциски надзори кај оваа категорија оператори во ноември 2024 година 14 не беа регистрирани како оператори со храна во АХВ, а нештетно уништени беа 40 килограми небезбедна храна. Издадени беа 16 решенија со наредби за отстранување утврдени недоследности, а глоби им беа изречени на 18 дома за стари лица – се наведува во соопштението.