Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Подобра поврзаност, помалку метеж – Градскиот воз треба целосно да ги промени скопските предградија

Градскиот воз кој со години па и децении е сон за скопјани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градскиот воз кој со години па и децении е сон за скопјани станува реалност. 

Една линија за градскиот воз ќе стартува од тука, од Железничката станица во Зелениково. До Центарот на Скопје ќе се стигнува за 25 минути. 

На вкупно седум станици градскиот воз од Зелениково до Центар ќе собира патници.  

Реклама

Една од станиците каде ќе запира возот е оваа во Драчево. Ако се качам сега во 10,35 во центарот на градот ќе бидам во максисмум 10,48 минути.

На терен веќе може да се видат работници. Со засилена динамика првенствено се работи на линијата Илинден-Драчево која пак ќе се користи за товарен сообраќај што би требало да придонесе и за економиите на овие општини. 

Старите дрвени прагови кои се користат повеќе од пет децении се заменуваат со нови армирано бетонски. Се проверува и квалитетот на шините – тие што се дотраени се земенуваат со нови. 

Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица –  за половина година 25 километри со градскиот воз ќе се поминуваат за 25 минути.

На главната железничка станица во Скопје ќе се сретнуваат сите линии од градскиот воз. Веќе следната година се планира да почне да се проектира и да се изведува втората траса од Волково, Ѓорче Петров, преку Скопје Север и да заврши токму тука, а од 2027 година да биде и последниот дел на делницата Миладиновци – Илинден – Скопје.

Граѓаните велат дека луѓето ќе се вратат на патување со воз, но апелираат билетите да бидат усогласени со картите за градските автобуски линии за економичност.

Делници се електрифицирани, што е важно зашто дизел возовите нема да влегуваат во Скопје, што пак ќе влијае за намалување на аерозагадувањето.