Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Прилози

Подметнувач на пожар фатен на дело: Видео снимка како потпалува сервис за автомобили во населбата Пинтија во Скопје

Видео доказ дека во Скопје се подметнуваат пожари. Маж со качулка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Видео доказ дека во Скопје се подметнуваат пожари. Маж со качулка на главата се прикачува преку оградата, ги полива со бензин автомобилите во сервисот, ги пали и потоа бега. Ова го снимиле камерите утрото 20 минути пред 4 часот во населбата Камник над Стаклара во скопска Пинтија.

Потпалувачот предзивика силен пожар кој опфатил 20-тина возила, гуми и масло, а пожарикарите со осум возила повеќе од два часа се обидувале да ги смират пламените јазици кои се прошириле преку улицата и го зафатиле и соседниот сервис за автомобили. Брзата реакција спречила поголема катастрофа бидејќи во неспоредна близина има далновод за струја, но и голем број куќи.

Експлозии од автомобили го разбудиле локалното население. Неколку минути подоцна полицијата им затропала на врата и им кажале да се евакуираат поради опасноста пожарот да се прошири, сведочи жител пред камерите.

„Имаше голем пламен, сепак, гореле гуми, пластика, работи кои можеби се и канцерогени, не знам, тоа експертите подобро да кажат. Не беше баш пријатно за дишење, особено кога сте во непосредна близина“, додаде тој.

Реклама

Сопственикот зад камера вели дека не е во конфликт со никого кој би бил потенцијал подметнувач на пожарот во неговиот сервис. Според сведоците, дека иако пожарот бил локализиран, се гасел подолго бидејќи на места тлеел, па повторно се разгорувал.

„Но, со навремена координација на самите пожарникари го локализираа успешно и го ставија под контрола и не дозволија да се прошири и да ги загрози куќите во околина каде што има население“, додава жителот.

Ова е само уште еден во низата пожари кои изминативе денови се подметнуваат во главниот град, но и низ цела држава. По Вардариште, Шутка, Трубарево и Дрисла, каде синоќа околу 23 часот повторно избувнал пожар овојпат на сосема друго место на депонијата од претходните денови. Брзо реагирале пожарникарите и огнот бил изгаснат и затрупан за еден час.

Поради специфичноста на пожарот беше потребно истовремено гаснење и затрупување на опожарената површина, за што беа активирани градежни машини кои веќе беа присутни, а нивните возачи брзо пристигнаа на лице место. со ова беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата – велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Полицијата веќе ги засили контролите на критичните точки за да се спречи повторно подметнување пожари и разгорување на веќе локализираните.