Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Пoдигнување на свеста за органодарителството – Клуч за повеќе трансплатации

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува,стотина пациенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува,стотина пациенти во Македонија со години чекаат орган. Дваесеттина се на листата за трансплантација на срце, петанесет за црн дрб,а дури 47 за бубрег,најмладите од нив се на 16 односно 17 годишна возраст.Но бројката на луѓе на кои им треба трансплантација е многу повисока од официјалните.Тие не фигурираат на листата за трансплантација, затоа што испитувањата кои мора да ги направат се многу скапи, парите мора да ги дадат од свој џеб, а најчесто мораат и да ги повторуваат за една или две години.И во една ваква ситуација пациентите не отстапуваат,бараатзголемување на бројот на трансплатации посебно за срце.Повеќе од две години не е направена трансплантација на срце,а нити една операција за замена на вештачка пумпа со срце од донор.Крајно време е националниот тим за трансплантација да се консолидира вели Васко Јолески, од здружението “Храбро срце.”

 И се повеќе и повеќе млади луѓе чекаат на овие листи,да не споменувам имиња,меѓутоа најмладиот пациент конкретно кој што чека срце за трансплантација е  26 годишна девојка.Таа граница е поместена,значи од 26 до 43 години, тие пациенти го чекаат повикот за живот практично, кој што за жал повеќе од нив ги изгубивме.Не го дочекаа повикот токму поради тоа што свеста за органодарителство во државава е сеуште на многу ниско ниво вели Ирена Ралева Најдевска,сопруга на пациент со механичка потпора на срце

Но заеднички став и на пациетите и лекарите е дека треба да се подигне свеста кај граѓаните за органодарителство.Хуманоста е благороден чин,вели стружанката Соња Столеска која најдобро знае што значи борба за живот.Таа на свои 33 години поминала низ страшна голгота и кога повеќе не постоело надеж за спас и била извршена трансплантација на црн дроб од починат донор,благодарение на нечија човечност.

Реклама

Државата прво мора да покрене активност околу ова тема која што е во сенка, да дојде на врвот.Второ многу пари,многу болници, многу кадри а тоа е се пари и само така ќе можеме да одиме понатака.Нема поголема хуманост од тоа да се дарува орган и да знаете дека не спасувате само живот,давате надеж, давате дете да порасне,давате некој да се омажи, да се ожени, да остари -вели Соња Столеска-поранешен пациент

Во Македонија веќе 12 години се извршуваат кадаверични трансплантации,но таа бројка е премногу мала.

 Па малку е затоа што на листата на чекање се над 100 пациенти за бубрези.Греота е да чекаат толку луѓе да се добие орган,мораме да ја потенцираме кадаверичната трансплантација – вели проф.д-р Сашо Дохчев

https://youtu.be/JvaCrPPZV_I