Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Подемот и падот на СЈО – Од „возвишени специјалки“ до фијаско

Од чарлиеви ангели и ѕвезди на правосудството станаа фијаско на системот. Две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од чарлиеви ангели и ѕвезди на правосудството станаа фијаско на системот. Две од нив веќе немаат функција, а третата се уште негодува зошто не ја избраа за шефица. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи специјалните обвинителки на кои одамна им се случи ерозија на рејтингот. Катица Јанева е надвор од келија со пробациска алка, а Ленче Ристоска си даде оставка бидејќи не можела повеќе да постапува во предметите Талир 1 и 2. Последиците од насаденото обвинителство се чувствуваат и по една деценија. Имаа и по десетвозила, пари и се што им е потребно да гонат, но они реално испорачаа нула резултати, коментираат дел од познавачите. Адвокатот Дуковски вели дека решението на Катица за префрлање на предметите од СЈО во обвинителството напишано и потпишано во затвор е нивното невидено ремек дело досега.

„Никаков бенефит немаме, тоа е пример како изгледа едно политичко обвинителство, а не орган за гонење на криминал. Орган направен со огромни вложени пари, а нула испорачаа. СЈО беше оформено за гонење на политички противници. Ги имаа сите условиза бадијала. Сработија 17 предмети од кои 3 до 4 од нив беа вистинска глупост.

Нивната најголема бизарност е полномошното на Катица напишано на лап топ во затворот со кое предметите ги презема Обвинителството за отрганизиран криминал. СЈО е фијаско, вакви експерименти повеќе не ни требаат, вели Сашо Дуковски, адвокат.

Реклама

Освен што не сработија ништо, го нема ни бројчаникот на Зоран Заев за да преброи колку пари вратија специјалките. Освен што нема резултати од постапките што ги водеа, тие потрошија и 4,6 милиони еевра за додатоци и бонуси на плата. Дуковски вели дека имало огромен притисок да нема истрага за нивните бонуси,

„Не ги оправдаа парите. Тие беа ажурни кога гонеа куп луѓе за глупости, а самите се штитеа како бели мечки“,  Сашо Дуковски, адвокат.

Eдинствена активна од познатата тројка е обвинителката Фатиме Фетаи. Пред неколку дена, Фетаи на денот на правосудството и замери на Илиеска од Советот на јавно обвинителство зошто гласала против нејзиниот избор за шефица на вишото.

Од дваесетината предмети што ги отвори СЈО, вистинска правосилна завршница имаат само десетина, додека останатите се заглавија во судските лавиринти или пропаднаа поради застарување. И покрај над сто обвиненија и повеќе од 300 опфатени луѓе, конечните резултати се скромни.

По згаснувањето во 2019 година, околу дваесет предмети беа преземени од редовното обвинителство, но ниту тоа не донесе значаен пресврт. Дел од случаите со години се влечат без епилог, со укинувања и повторени судења.