Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Прилози

Подадената рака на Орбан е доказ кои европски политичари се вистински пеијатели на Македонија

Македонија мора да си ги заштити националните интереси во билатералниот спор со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија мора да си ги заштити националните интереси во билатералниот спор со Бугарија, што според дел од аналитичарите ќе биде тежок и мачен процес на долги стази. Откако техничкиот бугарски министер за надворешни работи, Кондов експресно го отфрли предлогот на унгарскиот премиер Орбан да посредува во решавањето на проблемот, се видоа црвените линии на Бугарија, коментира поранешниот амбасададор Марјан Ѓорчев.

Бугарскиот министер Иван Кондов во интервју за бугарската новинаска агенција БГНЕС вели не сака да прифати никаков посредник, туку се повикува на францускиот предлог.

Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“, вели Иван Кондов, технички министер за надворешни работи на Бугарија.

Реклама

Штетата од овој договор и политиката на СДСМ и ДУИ сега излезе на виделина, коментира политичкиот аналитичар Синиша Пекевски. Сепак тој е оптимист дека изборите во САД би можеле да се рефлектираат врз бугарските цврсти ставови во билатерланиот спор со Македонија.

Понудената рака на премиерот Виктор Орбан за полесен и побрз пат на Македонија на патот кон ЕУ сведочи за тоа кои земји членки на ЕУ се вистински пријатели на нашата држава, коментираат политичките аналитичари. Со оглед на тоа што Унгарија е претседавач со ЕУ во Нова година, ставовите на политичкиот врв во Унгарија во однос на евроинтеграцискиот процес на Македонија може да донесе само бенефит за нашата земја.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е дециден дека земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава, а Унгарија е подготвена да го искористи претседателството со ЕУ  во интерес на Македонија. Одвојувањето од Албанија,

Според Орбан, Македонија одамна требало да биде членка на ЕУ и ваквиот однос на унијата прави рани.