Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

Почнуваат ли да се разарешуваат сомнежите за можните криминали на фирми блиски до ДУИ?!

Владата почнува да расчистува со сериозните сомнежи за сторени криминали од фирми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата почнува да расчистува со сериозните сомнежи за сторени криминали од фирми блиски до ДУИ. Одлуката да се одземат лиценците за приредување он лајн игри на среќа, доаѓа откако подолго време се предупредуваше дека токму тие компании биле поврзани со криминални активности, зад кои постојат сомнежи дека стоел директно поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

-Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа…, велат од Владата.

За криминали поврзани со ДУИ сомнежи постојат долги години, а тие конечно очигледно почнуваат да се разрешуваат. Според политичкиот аналитичар Агим Јонуз со одземањето на лиценците, се скратува можноста за финансирање на ДУИ, со пари за кои постои сомнеж дека се заработени на криминален начин.

Реклама

-Убива со еден куршум два зајака. Првиот куршум е секако притисок, удар, осакатување на нечии извори на финансирање итн итн, тоа е политичкиот дел од куршумот, од првиот куршум, изјави Јонуз.

Според Јонуз, дополнителен проблем за ДУИ, може да биде и тоа што со ваквиот владин потег, се очекува да порасне рејтингот на коалицијата „Вреди“ кај албанското гласачко тело.

-ВЛЕН се бори и удира кон арамот, значи има арам и има алал, а во таков еден амбиент купувањето на гласачкото тело, она што е додворување е видете ние што правиме, ние сме правите верници е вториот куршум со кој што они купуваат многу, екстремно многу поени во албанското ткиво, изјави Јонуз.

За можни криминали сторени преку државната Лотарија, подолго време предупредуваа и од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди. Директор таму до пред помалку од два месеци беше Перпарим Бајрами, еден од најблиските луѓе на Груби.

-Каква е неговата улога во индициите за криминал кои што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видеолотарија, како и која неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа, изјави Александар Николоски.

Од „Вреди“ побараа и обвинителите да истражат за можни криминали сторени во Лотарија.

-Во чии џебови ќе заврши разликата од речиси 10 милиони евра, само од овој тендер или дали вредноста на казино апаратите е свесно и со умисла сменета, со цел да се штелува основната главнина потребна за отворање на новата Државна видео лотарија, изјави тогаш Беким Сали.

Владата пред една недела одлучи да го раскине и договорот на Лотарија со ресторанот Фестина во Визбегово за изнајмување вреден 2,6 милиопни евра за 10 години. Финансиската полиција веќе отвори предистрага и ја одзела документација од Лотаријата за да истражи дали има нерегуларности.

Матеја Петровски