Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Почна увидот во опожарената зграда во скопски Чаир, се врши попис на штетата на становите

Сите станари од опожарената зграда во скопски Чаир дојдоа изутрината да си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите станари од опожарената зграда во скопски Чаир дојдоа изутрината да си ги земат потребните работи за живот кои им останале по становите. Со придружба на полицијата по една недела влегоа  во собите со црни ѕидови каде и по 10 дена се уште мириса за чад.

  • Објектот е под надзор од полицијата 24 часа од кога избувна пожарот. Во меѓувреме станарите само со придружба од полициски службеници може да влезат во становите а за сместување се снаоѓаат сами.

Од вторникот доцна вечерта кога и избувна пожарот станарите преспиваат по роднини и пријатели, бидејќи како што велат немаат пристап до своите домови и не знаат до кога ќе трае трагедијата што ги снајде.

МВР потврди дека подрумските простории, каде избувна пожарот се уште се обеезбедуваат од полицијата.

Реклама
  • Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините“ изјави Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Обвинителите од денеска собираат докази од опожарената зграда каде повеќе од триесет часа гореа подрумските простории, информираа од Основното јавно обвинителство Скопје.

  • „Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази“, информираат од Обвинителството.

Пожарот во зградата на улицата „Серава“ во скопски Чаир избувна ноќта помеѓу 1 и 2 октомври, а беше активен повеќе од 30 часа. Гореа подрумските простории на објектот, станарите беа евакуирани преку покривот, а зградата со посебни скали на противпожарно возило. Поради вдишување чад, 40-ина лица побараа лекарска помош, а некои беа задржани на лекување на скопските клиники.

На трети октомври МВР уапси две лица кои се сомничат за кражба вечерта кога избувна пожарот.