Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Почна реконструкцијата на Деве Баир, инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

Започна реконструкција на најголемиот граничен премин на македонско-бугарската граница Деве Баир дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна реконструкција на најголемиот граничен премин на македонско-бугарската граница Деве Баир дел од коридорот 8. Вкупната вредност за изведба на првата фаза од проектот е 96 милиони денари. Надградбата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза ќе се изгради нов современ административен објект на терминалот за стоково царинење, а ќе се реконструира и постоечката Управна зграда на преминот. Премиерот вели дека ова е првиот чекор во инфраструктурните проекти за експресни патишта,и ветува градежна инфраструктурна офанзива.

  • “Покажуваме јасна определба дека секоја точка на Македонија нас ни е важна, и дека нема да оставиме ниту една точка којашто нема да биде реконструирана и реновирана. Мораме да напоменеме дека македонските граѓани коишто ќе го отплаќаат овој кредит ќе добијат модерен граничен премин исто така ќе добијат модерни гранични премини каде што ќе имаме поефикасна работа на Царинската управа” – вели премиерот Мицкоски.

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка е во завршна фаза, а овој пат ќе биде поврзан со автопатот Скопје – Куманово. Според Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на овој начин од главниот град до Деве Баир ќе се стигнува за околу еден час.

  • Овој проект го започнуваме денеска а треба да биде завршен до мај 2025 година и да имаме прва фаза завршена од реконструкција на граничниот премин Деве Баир. Во моментов работиме на нов детален урбанистички план од А категорија кој што треба да не однесе до втората фаза на реализација на граничниот премин, така што во текот на следната година ќе почнеме, а во текот на 2026 година ќе го завршиме целосен овој граничен премин и во делот на граничната управа и во делот на фитосанитарната управа и во делот на граничната полиција и секако со повеќе сообраќајни ленти, рече вицепремиерот Николоски.

Средствата за рекструкцијата на Деве Баир се обезбедени со заем од Светска банка.Овој проект ќе ја олесни трговијата и транспортот во Западен Балкан, а ќе се засилат и контролите на Царинскиот терминал.

Реклама
  • Инвестирањето и подобрувањето на граничните премини е дел од заложбите за побрза интеграција во ЕУ. Изградбата на нов современ објект за стоково царинење, на нова управна зграда ќе ги подобри условите за работа на царинските и полициските службеници и сите инспекциски служби на граничните премини, потенцираше директорот на Царинската управа, Николовски.

Проектот за надградба на граничниот премин е еден во низата најавени до власта. Еден од најзначајните, делницата Кичево – Охрид кој се гради повеќе од една деценија Николски најави дека дел ќе биде пуштен на стартот на следната летна сезона. До крајот на годинава треба да бидат пуштен во употреба и патот Прилеп – Градско.