Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Почна реконструкцијата и проширувањето на патот за село Римница, Општина Маврово и Ростуше

Општина Маврово и Ростуше почна со реализација на уште еден значаен проект во интерес на граѓаните и економскиот развој.  – Станува збор за реконструкција, проширување и асфалтирање на локалниот пат кон село Римница,  во должина од 3,5 километри, што ќе овозможи побезбедно, поквалитетно и поефикасно сообраќајно поврзување на селото со останатите населени места, се  отвора […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше почна со реализација на уште еден значаен проект во интерес на граѓаните и економскиот развој.  – Станува збор за реконструкција, проширување и асфалтирање на локалниот пат кон село Римница,  во должина од 3,5 километри, што ќе овозможи побезбедно, поквалитетно и поефикасно сообраќајно поврзување на селото со останатите населени места, се  отвора нова можност за подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за живот и развој на овој регион, информираа од општината.

Додаваат дека за реализација на проектот се обезбедени финансиски средства во висина од 15.866.394 денари преку Владата.  
 

– Овој проект е резултат на одличната соработка помеѓу нашата Општина и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која се чувствува во сите сегменти од интерес за граѓаните и локалниот развој, изјави градоначалникот Онер Јакупоски.

Реклама

Тој уште еднаш ја потврди својата заложба и поддршка за развојот на Горнореканскиот регион, нагласувајќи дека станува збор за подрачје со исклучителен природен и туристички потенцијал.  

– Подобрувањето на патната инфраструктура е еден од клучните предуслови за заживување на регионот, развој на туризмот и создавање подобри услови за живот и економски напредок на локалното население. Со изведувачот на работите, надзорниот орган и претставниците на месните заедници, разговаравме за динамиката на градежните активности, како и за други инфраструктурни и развојни проекти кои претставуваат приоритет за населението од овој регион, изјави Јакупоски.

Посочува дека Општина Маврово и Ростуше и понатаму останува посветена на реализација на капитални проекти кои ќе придонесат за рамномерен регионален развој, подобра инфраструктура и повисок квалитет на живот за сите граѓани.