Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Почна распределбата на ваучерите за инвертер-клими

Почна распределбата на ваучерите за набавка и вградување инвертер-клима уреди за граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна распределбата на ваучерите за набавка и вградување инвертер-клима уреди за граѓаните што стекнале право по јавниот оглас за 2025 година. Од денеска до 17 април 2026 година, лицата што се наоѓаат на списокот ќе може да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината во која живеат.

Ваучерот овозможува набавка и вградување инвертер-клима уред со моќност од 3,5 киловати и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври годинава. Вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари, без дополнителна доплата од страна на корисниците.

На веб-страницата на Министерството  за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објавени се сите детали за потребната документација и постапката за подигнување, како и списокот на компании со кои се склучени договори, со што граѓаните ќе може да ги набават инвертер-клима уредите користејќи го ваучерот.

Реклама

– Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка, во која право на поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполниле условите утврдени во програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – информира прес-службата на МЕРМС.

Списокот на граѓани што стекнале право, како и списокот на компании, се достапни на веб-страницата на Министерството: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/rezultati-i-spisoci

Министерството нагласува дека оваа фаза се однесува исклучиво на граѓаните што веќе аплицирале во 2025 година и претставува финализација на постапката во рамките на која се доделуваат вкупно 4.070 ваучери.

– Со оваа мерка државата продолжува со конкретна поддршка на ранливите категории граѓани,обезбедувајќи пониски трошоци за енергија и повисока енергетска ефикасност во домаќинствата – информира МЕРМС.