Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Почна расчистување и санација на ударните дупки на патот за село Тресонче, Мала Река

Општина Маврово и Ростуше почна со расчистување на патот кон селото Тресонче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше почна со расчистување на патот кон селото Тресонче, Мала Река, што следува по средбата на претставници на здружението на граѓани „Брзовец“ и градоначалникот Онер Јакупоски. 
 
-По нашето барање кое директно му го поставивме на градоначалникот Онер Јакупоски, општината веднаш постапи со  расчистување на патот. Следните денови ќе биде извршена и санација на ударните дупки со дробен асфалт, објави ГЗ „Брзовец”. 

Изразуваат благодарност до Општината Маврово и Ростуше и градоначалникот за нивната брза реакција. 
 
На работната средба, пред два дена, со градоначалникот Јакупоски и претставниците на здружението станало збор за повеќе важни прашања за Тресонче, со посебен акцент токму за состојбата на патот од клучката до селото. 

 
-Укажавме дека лошата состојба на патот влијае врз секојдневниот живот на жителите, туризмот и пристапот во итни случаи. Очекуваме она што го договоривме да се реализира во најкраток можен рок, во интерес на Тресонче и сите негови посетители, посочуваат од здружението. 
 
Селото Тресонче е едно од повеќето села на областа Мала Река, родно место е на познатиот Дичо зограф, на Сирмавојвода, се како што велат жителите “тоа е место со најубав изгрев на сонцето”.