Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Почна пробниот период за системот „Безбеден град“ – од 1 јануари ќе има казни

Ако наместо 50 возите 80, или трепка жолто а вие давате гас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако наместо 50 возите 80, или трепка жолто а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ви стигне во порака, засега само опомена.

Почна пробниот период на полицијата за тестирање на системот Безбеден град. Сите прекрошоци кои ќе ги сторите како возач, а системот ќе ги регистрира, ќе добиете СМС порака, а меил на електронската адреса која сте ја запишале при регистрација на возилото со линк за преземање на Записник за сторен прекршок со платен налог. 

Камерите од „Сејф сити“ ќе снимаат околу 100-тина булевари и крстосници, помали и поголеми улици. Поминување на црвено, прекорачена брзина, но и  изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила се главните прекршоци кои ќе се санкционираат со видео наздзорот. Во следната фаза од проектот се планира проширување на видот на  сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем. Освен во Скопје, камерите веќе снимаат и во Куманово и Тетово. Граѓаните во главниот град сметаат дека со Сејфт сити ќе се стави некаков ред во сообраќајниот хаос. Само со парични казни може да се влијае, сметаат анкетираните пред камерата на Алфа.

Реклама

Од МВР, велат нема да има толеранција  и никој нема да може да избегне казна доколку не се придржува до сообраќајните правила и прописи, без разлика дали се работи за населено место или надвор од населено место.

Доколку возачот ја прифаќа одговорноста за прекршокот што го сторил, во рок од осум дена од кога го примил записникот ќе плати половина од изречената глоба, во спротивно ќе мора да ја плати цела сума за изречената казна. Тоа ќе може да го стори и електронски.

Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови не се плаќаат трошоци на целокупната постапка. Странец, како и државјанин на Македонија кој што со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата, е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог да ја плати изречената глоба. Ако сторителот не ја платил глобата МВР ќе ја достави до органот надлежен за присилна наплата, велат од МВР.

Доколку прекршокот што сте го сториле предвидува и одземање на возачка дозвола, МВР ќе иницира поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.

МВР досега во неколку наврати правеше пробни тестирања на Сејфт сити, а се поставија и 10-тици нови камери. Од 5 до 11 илјади прекршоци дневно редистрирал системот, што според надлежните ниту една полиција не би можела да ги изрече. Но за да се стави ред во сообраќајот, а и да се намали бројот на жртвите од сообраќајните незгоди кој во Македонија е поголем од европскиот просек, надлежните се решени системот да се прошири насекаде низ државата.