Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Економија

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција, Македонија станува значајна енергетска крстосница во регионот

За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДСМ и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на македонска страна. Почетниот капацитет на гас е 1,5 милијарди кубни метри со потенцијал да се зголеми на 3 милијарди кубни метри. Вредноста на проектот е 60 милиони евра.

Проектот го реализира домашната компанија, времето на изградба на проектот е планирано да заврши за 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година“.

Реклама

Според партијата на власт, изградбата на гасоводот е капитална инвестиција за државата но преку реализацијата на гасоводот се поврзуваме и со останатите земји во регионот и Македонија станува значајна енергетска крстосница, а конкретни придобивки освен регионот ќе имаат и македонските граѓани и компании.

Со овој интерконектор, како што појаснуваат, ќе имаме стабилно снабдување, но и пониски цени за граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат, има јасен план и стратегија за енергетскиот сектор во служба на Македонија и граѓаните.