Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Почна амандманската расправа за Буџетот за 2025 година

По четири дена општа расправа за предлог Буџетот за 2025 година, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По четири дена општа расправа за предлог Буџетот за 2025 година, на собраниската комисија за финансирање и буџет почна расправата по поднесените амандмани за владината предлог-структура на народната каса.

Расправата за буџетот за следната година на Собраниската комисија за финансирање и буџет трае 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30 ноември по што продолжува на пленарна седница. За предлог–буџетот за 2025 година се поднесени вкупно 308 амандмани од кои 204 од опозициската СДСМ. Власта и опозицијата спореа и допрва ќе спорат околу проекциите во буџетот на кој гледаат со различна диоптрија.

Според владата, буџетот е скроен со цел да овозможи стабилност и развој на економијата. Сето ова почива на средствата за капитални инвестиции, но и повеќе средства за плати, пензии, социјални трансфери. Опозицијата пак тврди дека буџетот е неразвоен, недомачински и ќе продолжи да го зголемува јавниот долг на државата.

Со предлог-буџетот за 2025 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари или на ниво од 4 проценти од планираниот бдп, а се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти. Согласно законот, буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември.