Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Почна 40.јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Штип во наредните три дена ќе живее со Фестивалот на забавни мелодии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип во наредните три дена ќе живее со Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Годинава е со во знакот на 40. јубилејно издание на „Макфест“, а на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се испејат новите хитови.

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ денеска почна со кревање на макфестовското знаме кај хотелот Оаза. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов го означи почетокот со порака дека „Макфест“ останува симбол на Штип и на македонската песна.

-Оваа година одбележуваме 40 години постоење, јубилеј. Во име на тоа сакам да се заблагодарам на основачот на на овој фестивал Стојан Троицки, да се заблагодарам на сите уметнички директори, кои што низ годините наназад го одржувале „Макфест“, додавале вредност на македонската музичка сцена. Но, и на сите композитори и музичари, кои се поврзани со „Макфест“, кои низ годините наназад и оваа година се практично појавиле, овозможиле да се збогати македонската забавна музика, изјави Јорданов.

Реклама

Во првите две фестивалски вечери публиката ќе ужива во новите  музички хитови, создадени специјално за јубилејното издание. Третата вечер, в сабота ќе биде посветена на незаборавните хитови, шлагери и победниците што се дел од 40 годишното постоење на „Макфест“.

-Со оглед на тоа што годинава „Макфест“ слави голем јубилеј, фестивалот е посветен на домашната музичка сцена. На истата ќе настапат исклучиво изведувачи од земјава, како почит кон македонската песна, вели Александар Арсовски продуцент од Општина Штип.

Оваа година македонската забавна сцена, ќе биде збогатена со нови 27 композиции. Уметничкиот директор на „Макфест“, Роберт Саздов вели фестивалот кој со децении претставува симбол на Штип и оваа година ја продолжува традицијата на негување на домашната музика.

 -„Макфест“ е една успешна приказна, потврдена. Четири децении не е шала. Јас како што знам само Евровизија, подолго трае од Макфест. Се продуцирани и објавени над 1.200 композиции, 27 се нови вечерва Меѓутоа, тоа се стотици и стотици хитови , на коишто сите добро ни се познати, вели Саздов.

Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Штип, Министерството за култура и општествено-одговорни компании. Организаторите најавија дека секој ден во 12 часот додека трае „Макфест“ ќе има прес-конференции на коишто ќе се откриваат деталите околу фестивалските вечери. Македонската публика и оваа година „Макфест“ ќе го следи во живо на јавниот сервис.