Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Победа на Филипче ќе значи враќање на Заев на врвот на СДСМ: Главните фаворити за нов лидер се една од причините за најголемиот пораз на партијата

Главните фаворити за наследник на Ковачевски, се и дел од причините за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главните фаворити за наследник на Ковачевски, се и дел од причините за историски најголемиот пораз на СДСМ на последните избори. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели оти е јасно дека проблемот треба да се бара и кај нив, бидејќи во текот на минативе години Филипче, Петровска и Деспотовски биле на високи функции во централната власт, пропратени со низа скандали во својата работа.

-Јас искрено очекував многу поголема раздвиженост и некоја пореална промена кај нив. На крајот се сведува на три кандидати кои што се досегашни, доскорешни, актуелни носители на високи јавни функции, дури двајца од нив нели министри. Околу Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Венко Филипче што да се каже, кадри кои реално се и дел од проблемот што му се случува на СДСМ и на овој голем пораз кој го доживеаја, изјави Ристевски.

Според Ристевски, главен фаворит во трката е Филипче, што би значело и еден вид враќање на Зоран Заев на врвот на партијата.

Реклама

-Сосема веројатно е дека Филипче е еден од најсериозните, најистакнатите кандидати, што истовремено значи и своевидно враќање на челото на СДСМ токму на Зоран Заев, со оглед што тој е неговиот најблизок пријател. А го гледам и како можност да се осигура, да задржи некое на поле на влијание и како една можност за преговарање, во случај да биде процесуиран, изјави Ристевски.

Откако беше затворен кругот на кандидати за претседател, ретко кој од актуелните или поранешни социјалдемократи реагира во јавноста или на социјалните мрежи. Со критика излезе поранешниот истакнат партиски член Ивор Мицкоски. Вели кандидатурата на Филипче и евентуалниот негов избор за нов претседател ќе значи крај за партијата.

-Па трката е Филипче и катастрофата од неговиот спонзор и газда. Во соработка со еден-двајца од противкандидатите, можда и со сите, таа работа е завршена. Е тек тогаш ставете и клуч на партијата, Заев ќе си ја користи за дилови, членство ќе избега во ЗНАМ, и крај. ВМРО ако се паметни и поапсат малку ќе владејат 10 години. Какви сељаци уништија градска партија, море они и држава дозакопаа, па камоли една партија, пишува Мицковски.

Покрај тројцата кои во моментов важат за главни фаворити, кандидатури поднесоа Александар Бајдевски и Златко Ристовски. Бајдевски минативе седум години беше на функцијата заменик министер за информатичко општество и администрација. Ристовски е активист на СДСМ од Битола, а според информациите од Бихаќка тој е релативно анонимен во партијата.

Матеја Петровски