Реклама

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Македонија

По затворањето на домашните онлајн коцкарници ќе следува забрана и за странските

По забранувањето на четирите домашни нелегални приредувачи на игри на среќа, Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По забранувањето на четирите домашни нелегални приредувачи на игри на среќа, Владата решена да ги забрани и сите странски, кои според неофицијалните информаци на Државна лотарија ги има повеќе од неверојатни 2.000. на кои се регистрирани македонските граѓани.

Владата го задолжила Министерството за дигитална трансформација во најбрз можен рок да се најде начин како истите да не бидат достапни на македонскиот пазар. Министерот Стефан Андоновски за Алфа вели дека веднаш ќе се седне на маса со надлежните за оваа проблематика, со цел да се најде решение.

-Владата освен што ја отпочна постапката за одземање на лиценците, односно тие не ни постоеле како лиценци, туку забрана за вршење на дејност на домашните приредувачи на игри на среќа он лајн, во исто време не задолжи како Министерство за дигитална трансфорамција да организираме една работна група на која што првиот состанок ќе го имаме утре. Заедно со АЕК, Државната лотарија и МАРНЕТ како регистратор на домејните во Македонија, да изнајдеме начин како да успееме да ги забраните, да го забраниме ова присуство на нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, изјави Андоновски.

Реклама

Со најновата одлука на Владата, за онлајн обложување достапна ќе биде единствено една платформа, онаа на Државната лотарија, сите други ќе мора да престанат со работа. Според Андоновски, токму тие се еден од најголемите проблеми во државата.

-Македонскиот пазар за жал е преплавен со нелегални приредувачи на он лајн игри на среќа. Се излеваат 10-тици илјади евра средства на граѓаните, нема никаква контрола кој ги приредува игрите на среќа, не знаеме дали е дозволено на малолетници да учествуваат во тие игри на среќа, нема заштита на идентитетот, нема заштита на личните податоци. Тоа е од голема загриженост за Владата, изјави Андоновски.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека оваа одлука е донесена, бидејќи приредувачите работеле незаконски, а се ќе се дознаело наредниот период.

Според информациите на платформите кои ќе престанат со работа, регистрирани биле околу 80.000 илјади Македонци. Најголем дел од нив, меѓу 50 и 60 илјади се на платформата „2win.mk“. Организаторите Државна лотарија- Казинос Австрија мора да престанат со преиредување на игрите, бидејќи право за тоа имале до 2017-та година.

Другите македонски граѓани биле регистрирани на фирмите во содружништво со Државна лотарија, односно Моцарт, Везув, 777 Битс, каде 49 проценти од сопстевеноста е на српски, црногорски и бугарски капитал.

Според одлуките на Владата кои се однесуваат на видеолотариските игри, Владата ја задолжи Државна лотарија да отпочне со процен на укинување на Државната видеолотарија НОВО ВЛТ ДОО Скопје, со образложение дека правото за електронските игри на среќа незаконито било пренесено кон ова друштво во 2022 година со одлука на тогашниот владин состав.

Сите овие пет компании, и за онлајн коцкање и видеолотаријара беа формирани со одлуки на владини седници, на кои потпис ставиле поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

За дел од овие приредувачи на игри на среќа во јавноста постојат сомнежи дека се компании поврзани со криминални активности, а исто така постојат и сомнежи дека за нив директно стоел токму Груби, со чиј потпис тие и работеа.

Матеја Петровски