Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

По серијата прилози за криминални шеми во Агенцијата за филм, директорот Ангелов си поднесува оставка

Директорот на Агенцијата за филм си поднесува оставка. Ова следува по серијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Агенцијата за филм си поднесува оставка. Ова следува по серијата прилози и истражувањата на ТВ Алфа кои отворија сериозни сомнежи за криминал и корупција во филмската индустрија.

Владимир Ангелов во изјава за Алфа вели дека не чуствува одговорност зашто на функцијата бил нешто повеќе од шест месеци. Се надева дека друго раководство можеби ќе има повеќе можности за да ги саниира состојбите.

  • Пред една недела имав состанок со новиот министер Љутков, на кој што искрено му понудив, дека ако моето заминување е решението за проблемите во кои што се наоѓа Агенцијата, дека веднаш ќе си дадам оставка. …Се надевам дека новата власт ќе донесе некој со кого што ќе имаат поголема соработка, кој што ќе има директни контакти со врвот на оваа власт и дека на тој начин многу брзо би се разрешиле состојбите и во Агенцијата и во дејноста.“ – Изјави директорот на Агенцијата за филм во оставка, Владимир Ангелов.

Иако беше прв човек на Агенцијата за филм, тој вели дека пред да стапи на функцијата само делумно бил свесен за незавидната состојба во која се наоѓа институцијата, како и целата македонска филмска индустрија и оти информациите ги добивал од медиумите.

Реклама
  • „Дали била затечена или не, да, ситуцијата е затечена. Состојбата ми беше делумно позната. На крајот на краиштата, за состојбата во Агенцијата беше убаво елаборирана во медиумите и претходно. Не само преку поединечни случаи, туку преку цела една серија на натписи. Можам да кажам дека од внатре, работата не е толку црно-бела како што се прикажува од надвор.“ – Додаде Ангелов.

Тој на чело на Агенцијата за филм дојде во февруари годинава, по седум годишното директорување со Кинотека на Македонија, односно, откако техничката Влада го разреши долгогодишниот директор Бојан Лазаревски, кој се поврзува со наводите за криминално работење и злоупотреби.

На јавниот оглас за именување на Ангелов, кандидат повторно беше и Бојан Лазаравски. Работењето на претходникот Лазаревски беше одбележано со иницијативата на Државната комисија за спречување корупција до обвинителството, за кривично гонење пореди несовесно работење и трошење на буџетски средства, како и крајно негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за истите проблеми, но владата одбиваше да го разреши и му го продолжуваше мандатот.

Додека пак работата на неговиот наследник Ангелов, кој денес си поднесува оставка од функцијата, ја одбележа скандалозниот инспекциски надзор од Министерството за култура, во кој меѓу другото, се нотира дека Агенцијата за филм била заробена од мала група филмаџии, кои преку судир на интереси и злоупотреби на позициите, си ги вртеле народните пари меѓусебно, помеѓу затворен круг на продукциски куќи, блиски до друштвото на филмски работници.

Никола Цветкоски