Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

По Охрид и локалната власт во Ресен се ослободи од долговите

Прв пат после цели 15 години Општина Ресен е целосно раздолжена и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прв пат после цели 15 години Општина Ресен е целосно раздолжена и со одблокирана жиро сметка.Со домаќинско работење,без ничија финансиска интервенција и без било какви обврски кон никого, Општина Ресен повеќе нема нити еден денар долг.Актуелната локална власт на која и тежеа околу 40 милиони денари, успеа да ја спаси и раздолжи општината од долговите кои се таложеле од 2009-та година,а во кои тонела повеќе од деценија.

  • “Ние ова го направиме во време на најголените кризи, зборуваме за енергетската криза каде што 400 насто се крена вредноста на струјата.И нас ни беше премногу тешко а успеавме,а исто му беше нарочито тешко и на јавните претпријатија, бидејќи услугите што ги даваат јавните претпријатија не се во форма да генерираат огромни приходи, туку во форма на одржливост”-вели Јован Тозиевски,градоначаник на Ресен

Во оваа ситуација е навистина тешко нормално фунционирање посебно на јавните претпријатија,на чие спасување ќе се работи во периодот кој следува,додава Тозиевски.

  • “Државата направи пакети за стопанството, за домаќинствата и за остатокот, а никаква интервенција, напротив  ги остави на милост и немислост да плаќаат по највисоки цени и услуги од типот на пумпање на вода на пумпни станици, или работа на колекторски систем, а да не зборувам  за дериватите и горивата”-додава Тозиевски

Во својот двегодишен мандат Тозиевски успеа да ја раздолжи општината и да спечалиоколу 12 милиони денари, којшто позитивно ќе се одразат врз целокупното работење на локалната самоуправа. Со заштедени средства успеавме да отпочнеме и реализираме неколку нови проекти, онолку колку што ни дозволуваа тековните услови и финансиски можности,додава тој, потенцирајќи дека во изминатиов период се  реализирани над 80 проекти. Сето ова го правиме, без да заостануваме во инфраструктурните проекти, инвестирајќи во сите сфери .Продолжуваме со работа и во една насока – да ја видиме подобра и попросперитетна Општина Ресен и Република Македонија,завршува Тозиевски.

Реклама

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски