Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

По невремето се вратија пеколните температури, но се врати и опасноста од змии во урбаните средини

По силното невреме, се вратија гроештините. А со нив повторно и опасноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По силното невреме, се вратија гроештините. А со нив повторно и опасноста од змии кои пред врнежите беа забележувани во урбани и невообичаени за нив средини. Последните денови скопјани споделуваат видеа и фотографии од змии снимени во централното градско подрачје, низ скопските населби и во близина на Градскиот парк. Појавата на змии во урбаните средини се поврзува и со запуштеноста и нехигиената во главниот град.

„Ако Скопјани решат да се одморат во тревниците на градски парк, постои зголемен ризик да бидат нападнати од некоја змија. Во Македонија постојат 16 видови на змии, од кои пет се отровни. Биолозите апелираат да внимаваме каде се движиме“. 

Змиите периодов се почесто се видени и покрај ќејот на Вардар, покрај зградата на МНР, а бројни пријави за забележани змии има и во другите градски средини покрај затревените места, густата вегетација и во некои приградски викендици.

Реклама

Зголеменото присуство на змии во Скопје е показател за зголемената градска нехигиена. Алфа телевизија се обиде да добие одговор од Град Скопје што преземаат во врска со пријавите за змии во градскиот парк. Оттаму одговорноста ја префрлија на општините во градот.

„Со Законот за Град Скопје се прецизно утврдени надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, односно надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии или други влекачи или глодари имаат општините ви градот. Во член 15 став 1 точка 4 од законот јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно десетте општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата општинска територија“, велат од град Скопје.

Состојбата со змиите во текот на ова лето поради високите температури и топлото време е алармантна, а од Центарот за управување со кризи постојано стасуваат апели граѓаните да внимаваат. Служба за заловување на влекачи кај нас нема.