Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

По евидентирани оштетувања, Општина Дебар апелира за поголема одговорност и грижа кон јавниот имот

По неколку изолирани случаи, во изминатите денови, на оштетувања на јавниот имот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколку изолирани случаи, во изминатите денови, на оштетувања на јавниот имот во градот, од Општина Дебар апелираат за поголема грижа и одговорност кон заедничките простори и имот. 
 
-Иако не станува збор за широко распространета појава, овие случаи служат како потсетник дека одржувањето на градот е заедничка одговорност. Зачувувањето на средината во која живееме е во интерес на сите и бара континуирана ангажираност од заедницата, наведуваат од Општината. 
 
По евидентираните оштетувања, пред се на сообраќајни табли, следела брза реакција на локалните институции. 


 
-Градоначалникот  Фисник Меља, заедно со надлежните лица во Општина Дебар, покажаа подготвеност за итна санација на штетата и одржување на јавните површини. Оваа соработка меѓу институциите и граѓаните останува клучна за зачувување на градот чист, функционален и достоен за сите, нагласуваат од општината  
 
Исто така, Општина Дебар презеде конкретни мерки за чистење и одржување на животната средина, грижа за зеленилото како и косење на тревата на јавните површини, придонесувајќи за почиста и посредена околина за граѓаните. 
 
Порачуваат дека неопходно е сите заедно да се заложиме за подобар, почист и поубав Дебар.