Реклама
Македонија

ПИОСМ го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот за 2025 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување  ја одржа триесет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување  ја одржа триесет и првата седница. На седницата единствената точка на дневниот ред беше Предлог – Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија со состојба на ден 31.12.2025 година, стои во соопштението на ПИОСМ.

Директорката на секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи образлагајќи го материјалот рече дека Извештајот е направен врз основа на сите законски прописи. Таа додаде дека во целиот процес на вршењето на пописот се применети и укажувањата на Државниот завод за ревизија од претходните години, а се со цел оневзможување на било какви грешки и прикажување на реалната слика со имотот на Фондот.

Членовите на Управниот одбор нагласија дека  од приложеното се гледа оти е извршена обемна работа и Извештајот ја отсликува состојбата со имотот  на Фондот.

Реклама

Управниот одбор го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија со состојба на ден 31.12.2025 година, како и Одлуките кои произлегуваат од него.