Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

„Пијани-литургија Зеро„ нова театарска претстава на режисерот Дејан Пројковски

Постојаната потреба на човекот да ја бара смислата на животот е концептот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постојаната потреба на човекот да ја бара смислата на животот е концептот на најновата театарска претстава на штипскиот Народен театар, во режија на Дејан Пројковски.  Сцената на претставата „Пијани-литургија зеро„ претставува напуштена спортска сала која ја симболизира умешноста на малиот човек  кој жонглирајќи  проба да преживее, но и да ги остварува своите соништа.

„Нашата претстава е уште еден обид современиот човек да ја бара дифиницијата за љубов, среќа, што значи пријателство, што значи љубов, постојаната потреба на човекот да го разбере постоењето на Бог и смислата на универзумот и зошто е човекот важен или  воопшто неважен и е само една точка во целиот тој систем и космос„ изјави режисерот, Дејан Пројковски.

Потписот на музичкиот дел во претставата „Пијани„-литургија зеро, е на Горан Трајковски, кој вели дека и  за ова театарско дело  создал музика која заедно со сценографијата, ќе го надополни режисерскиот  концепт.

Реклама

„И оваа претстава како и сите други ќе биде полна со енергија, со акција, со големи контрасти, скокови, падови, нормално драмски. Музиката во театарската претстава не е наменета за слушање, туку да биде неодвоив дел од самата претстава и да не се надвиснува над неа„ изјави музичарот Горан Трајковски.

Претставата „Пијани„ е  работена по текстови на Хајам, Вирипаев и Достоевски, а е поддржана од Министерството за култура

Александра Ристевска