Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Петтото издание на „Зрно“ фестивалот за алтернативна фотографија во Отешево

Од денеска до 15 септември во Отешево ќе се одржи петтото издание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска до 15 септември во Отешево ќе се одржи петтото издание на „Зрно“ – фестивал за алтернативна фотографија, кој и годинава ќе собере фотографи и автори од повеќе европски земји.

Фестивалот е посветен на алтернативните фотографски процеси, аналогната фотографија и експерименталните пристапи во визуелната уметност, а во неговите активности ќе учествуваат околу триесетина фотографи од Германија, Австрија, Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Турција, Украина, Србија и Македонија.

Во текот на седумте фестивалски дена учесниците ќе работат на различни работилници посветени на аналогни и алтернативни фотографски техники, ќе разменуваат искуства и ќе реализираат заеднички проекти во амбиентот на Преспа.

Реклама

Организаторите посочуваат дека „Зрно“ низ годините се етаблирало како едно од препознатливите места во Европа за учење и размена на знаења во областа на алтернативната фотографија.

Покрај работилниците, предвидена е и јавна програма. На 11 септември во Центарот за култура во Ресен ќе бидат отворени изложби на уметниците Андраш Согор од Будимпешта и Тома Димовски од Скопје, по што ќе следува филмска проекција.

На 12 септември фестивалската програма продолжува на плажата во Отешево со диџеј-сет „Зајдисонце и нова месечина“ на Мартина Пенева.

Организаторите велат дека и годинава „Зрно“ ги обединува фотографијата, експериментот, природата и меѓународната соработка, создавајќи простор за креативна размена и нови уметнички практики.