Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Петрушевски: СДСМ шири паника меѓу граѓаните дека водата во Скопје не е безбедна за пиење

Таман човек ќе помисли дека СДСМ го допреле дното, тие повторно покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таман човек ќе помисли дека СДСМ го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните. 

СДСМ и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника.

Реклама

Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно дека СДСМ веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДСМ очигледно нема крај.

Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење.