И покрај демантите и јасните факти, СДСM и Филипче наместо да се извинат за невистините што ги пласираа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, продолжуваат со истата реторика и обвинувања, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Дури и по реакцијата и демантот од британскиот амбасадор во врска со наводите за мигрантски кампови во Македонија, СДСM останува на истите позиции, повторувајќи ги истите тврдења како да очекува дека со нивното постојано повторување тие ќе станат вистина.
Во меѓувреме, од СДСM се обидуваат да ги убедат граѓаните дека никогаш не зборувале за мигрантски кампови, иако токму тие претходно тврдеа дека Македонија се претвора во голем мигрантски камп и црна точка на Европа. И за ова извинување нема.

Наместо одговорност и извинување за неточните информации, јавноста повторно е сведок на манипулации и политичка деструкција.
Очигледно е дека ваквиот пристап не им носи резултати, поради тоа што СДСM денес е третопласирана партија со околу 130.000 освоени гласови.
