Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Петрушевски: Лицата што повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’ активно вклучени во кампањата на СДСM и Спасовски

Лицата што деновиве повикаа на тепање и убивање полициски службеници, водени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицата што деновиве повикаа на тепање и убивање полициски службеници, водени од желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град“, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може да се види на фотографијата на екранот, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Лицата што јавно се спротивставија на проектот „Безбеден град“ во изминатите денови излегоа на протести, кои беа насочени против мерките, кои имаат цел да спречат возење без возачка дозвола, без регистрација и без одговорност.

СДСМ и Спасовски, да потсетиме за јавноста, во Собранието гласаа против имплементација на проектот „Безбеден град“. 

Реклама

Замислете, ексминистер за внатрешни работи, кој не направил буквално ништо во насока на подобрување на сообраќајната безбедност, гласаше против.

Јавно ги прашуваме СДСМ и Оливер Спасовски дали ќе се дистанцираат и оградат од овие протести и од лицата што повикуваа на јавен линч и дали сметаат дека е прифатливо да се протестира против сообраќаен ред, закон и безбедност?

СДСМ и Оливер Спасовски мора да дадат одговори на јавноста затоа што за време на протестите беа забележани закани со насилство и убиство и ова е повеќе од алармантно.

Почитувани,

Ваквото однесување е недозволиво во демократско општество и затоа ги повикуваме сите надлежни институции да постапат без селекција и без двојни аршини, строго во согласност со законот, и да обезбедат одговорност за сите што испраќаат закани за насилство.

СДСM и Оливер Спасовски повторно се обидуваат да направат саботажа на сè што е добро и е од интерес за граѓаните. Целта на „Безбеден град“ е да се зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Секој оној што се залага за безбедност и ред во сообраќајот го поддржува овој проект.