Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Петрушевски: Идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека согласно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти нешто коешто е својствено за одредени политички партии како и тоа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква намера да прифати никакви илегални мигранти, ниту пак ќе се градат било какви шатори, кампови или хабови во делот на илегалните мигранти.

„Од она коешто значи идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифативме никакви илегални мигранти, апсолутно лага е дека ќе се градат било какви шатори, кампови, хабови во делот на илегалните мигранти. Она коешто ќе го направиме е да, борба со илегалната миграција, нешто за коешто и британскиот амбасадор во соопштението напомена, нешто за коешто е разговарано и во Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, којшто е јавен, којшто е дебатиран во Собрание, каде што апсолутно ништо од ова не е наведено“, појасни Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски се осврна и на новиот проект Safe Country, со кој ќе се зајакне делот на граничното управување по пат на обезбедување на целата гранична линија на Македонија со соодветни технички камери и помагала, а во насока на спречување на илегална миграција како и нелегална трговија и шверц.

Реклама

„Ќе го зајакнеме делот на граничното управување, денеска најави премиерот еден нов проект налик на ова коешто го имаме сега како Safe City, ќе имаме Safe Country каде што целата гранична линија на Република Македонија ќе биде обезбедена со соодветни технички камери и помагала, така што покрај спречување на илегалната миграција ќе се спречува шверц, нелегална трговија. За ваквите чекори коишто ги прави оваа Влада во делот на спречување на илегална миграција добиваме пофалби од членки на ЕУ во континуитет и во таа насока ќе продолжиме да работиме заедно со нашите стратешки партнери“, рече Петрушевски.

На крај Петрушевски, уште еднаш се повтори и нагласи дека едно е борбата против илегална миграција, за коешто впрочем Владата е за соработка со стратешките партнери, а илегалните мигранти се нешто за сосема друго и оваа Влада нема намера ниту да разговара, ниту пак да прифати што впрочем денес истото го истакна и премиерот Мицкоски.

„Ќе повторам, да не ја замајуваме јавноста, едно е борба против илегална миграција, за коешто сме за соработка со нашите стратешки партнери, сосема друго е илегални мигранти нешто за коешто апсолутно оваа Влада нема никаква намера ниту да разговара, ниту да прифати. И тоа денеска многу јасно го објасни премиерот“, рече Петрушевски.