Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Економија

Петрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот

Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук објавата на пратеникот Бране Петрушевски.

Она  што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Закон за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат (DNA механизам).

Тогаш, истата таа влада на СДСМ планираше и нова „еколошка” такса со која цената на горивата дополнително ќе се зголемеа. За среќа, како опозиција тогаш успеавме да го блокираме тој закон.

Реклама

Врвот на лицемерието на Филипче и СДСМ е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување.

За разлика од неодговорната опозиција која се обидува да сее страв и паника, денес имаме одговорна Влада која работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот, со што ќе се амортизира ценовниот шок, и покрај реалноста дека глобалните движења на цените создаваат притисок за поскапување.