Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Петрушевски: Филипче ја продолжува политиката на Заев, без услови ги прифаќа бугарските барања во трка по власт

Почитувани, Венко Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Зоран Заев, туку само продолжение на истата политика која беше подготвена на секакви отстапки за да остане или да дојде на власт. Додека СДСМ беше на власт, Заев и неговите соработници прифаќаа договори и обврски без јасни гаранции за заштита на македонските национални интереси. Денес […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, Венко Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Зоран Заев, туку само продолжение на истата политика која беше подготвена на секакви отстапки за да остане или да дојде на власт.

Додека СДСМ беше на власт, Заев и неговите соработници прифаќаа договори и обврски без јасни гаранции за заштита на македонските национални интереси. Денес Филипче оди чекор понатаму и отворено ги релативизира бугарските барања, тврдејќи дека македонскиот идентитет не е загрозен.

Во време кога од Бугарија доаѓаат пораки со кои се оспоруваат делови од македонската историја, јазик и културен идентитет, Филипче останува нем на тие позиции и безрезервно ги поддржува отстапките што се бараат од Македонија.

Реклама

Очигледно е дека за него поважно е да обезбеди политичка поддршка однадвор отколку да застане зад ставовите и чувствата на македонските граѓани. Македонија има потреба од достоинствен европски пат, но со јасни гаранции и без нови идентитетски условувања. Власта и државните интереси не смеат да бидат предмет на политичко пазарење.

Граѓаните се тие што одлучуваат кој ќе ја води државата, а не странски центри на моќ. Затоа е потребно единство околу заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историја. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи компромиси со националните интереси и нема враќање на политиките кои носеа поделби и отстапки на штета на Македонија.