Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Петрушевски: „Дон Николовски“ дозволил незаконска исплата илјадници евра на мајката на газдата на НИКОБ, близок до Филипче

Мајката на газдата на НИКОБ, Кирил Лазаров, Митра, е лицето кое фигурира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мајката на газдата на НИКОБ, Кирил Лазаров, Митра, е лицето кое фигурира како сопствник на компанијата „Арекспорт“ од Струмица, фирма, која додека министер за земјоделие беше Љупчо Николовски од СДСМ, незаконски испумпала стотици илјади евра субвенции од државата. ВМРО ДПМНЕ објави нови детали од аферата која ја обелодени министерот Трипуноски според која, две компании незаконски земале над 700 илјади евра на име субвенции, иако немале засадени ниту едно земе на земјиштето што го добиле од државата. Според нив, спорно е што компанијата „Никоб„ со години важи за фирма која има блиски релации со екс-премиерот Зоран заев и со актулениот лидер на СДСМ Венко Филипче.

Оттаму велат дека Николовски ја злоупотребил позицијата како министер во периодот од неколку години и без никаков основ исплаќал милински субвенции на оваа фирма блиска до СДСМ и додадоа дека додека бил на власт изигравал мафијашки дон и дека за него не важеле законите, туку партиската припадност.

„Имено Љупчо Дон Николовски склучил низа договори со фирмата Арекспорт од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари. Да, 1.416 хектари за фирма од Струмица, зад истата таа фирма стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен тендераџија на СДС, од ЕВН, преку град Скопје и до Влада до приватни лаборатории во време на Ковид пандемијата кои ги отвори во време на Венко Филипче“, изјави Бранко Петрушевски пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Реклама

Фирмата „Арекспорт“ склучила долгогодишен договор за закуп со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство под превезот дека земјиштето ќе го насади со лозов насад, но не само што земале сунбенции без да прозведуваат нешто, туку и не платиле закупнина за земјиштето во висина од 30.000 ера за 2022 и 2023 година.

„Фирмата на семејството газди на „НИКОБ“ заради тоа што Дон Николовски не им го раскинал договорот, иако за тоа бил должен да го направи, инкасирале 485.000 евра за субвенции, кои немале право да ги земаат. 485.000 евра воопшто не требало да бидат исплатени затоа што фирмата на семејството газди на „НИКОБ“ не само што не го испочитувале договорот во делот на насадот кој се обврзале да го засадат, туку и не платиле закупнина за земјиштето 2 години по ред“, изјави Петрушевски.

Вчера министерот за земјоделие, објави документи со кои обелодени како неговиот претходник дозволил две фирми, една од Скопје, друга од Струмица не плаќале закупнина, не засадиле ни една семка, и додека земјата зјаела необработена, државни пари како субвенции им легнувале на сметка исто како да произведуваат тони и тони земојделски производи. На овој начин тие ја олесниле државната каса за цели 785 илјади евра.  Николовски се правдаше дека имало повеќе од 11.000 договори за закуп на земјиште и дека никој министер не можело да знае што се случува со секој поединечен договор.

Љубиша Николовски